October 18, 2021 21:23
Македонија

Активни 12.893 сличаи со Ковид-19, средношколците од Тетово и Гостивар до 20 септември ќе следат онлајн настава

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 184.277, бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати  6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893. Поради состојбата со епидемијата Владата одлучи наместо до 14 септември во средните училишта во Тетово и Гостивар наставата да се одвива онлајн до 20 септември.

Владата на вчерашната 106. седница донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември наместо до 14 како што беше планирано со претходната одлука.

Од Министерството за здравство соопштија дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Според последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 761.579 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 2.728 граѓани, а вкупно се вакцинирале 15.424. Во државата вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а ревакцинирани се 636.193 граѓани.

Со последните бројки, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со една доза.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, нагласуваат од МЗ.

ANIMEFLIX: Sono Hanabira ni Kuchizuke wo: Risa x Miya Gekijou anime episode 10 online free at https://animeflix.nl fire force animeflix

4Anime: Karasu Tengu Kabuto: Ougon no Me no Kemono (Dub) anime episode Full online free at https://4anime.biz anime websites

Website https://twistmoe.net: Watch Prince of Stride: Alternative twistmoe Episode 12 teist moe

Animepahe: Sabage-bu! Specials anime episode 6 online free at https://animepahe.cc watch anime free

Profile hatena: https://profile.hatena.ne.jp/animeflixnl/profile

Youtube: https://www.youtube.com/channel/UCXEq4tHZYt8abhFACP225pQ