February 3, 2023 12:00
Македонија

Активна употреба на кодот МК за македонскиот јазик во НАТО

Во НАТО активно се користи кодот МК за означување на македонскиот јазик, а не НМК (од North Macedonia), како што повеќепати се известуваше во јавноста изминатиот период.

На денешниот министерски состанок на НАТО во Букурешт, Романија, можеше да се забележи дека и меѓу кратенките за јазиците во електронскиот систем ознаката за македонскиот јазик е МК.

На овој состанок учествуваат шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата, а во фокусот на разговорите биле актуелните безбедносни предизвици, поддршката за Украина, како и последиците од руската воена агресија, меѓу кои енергетската криза и недостигот на храна.

Министерот Бујар Османи, кој учествуваше на состанок, посочи дека НАТО бргу се адаптираше на новите предизвици што ги наметна руската агресија и го нагласи стратешкото значење на регионите на Западен Балкан и Црното Море за Алијансата.