<Актерот Жарко Димоски преку социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека посведочил на страшната сообраќајна несреќа која вечерва ги вознемири скопјани и во која животот го загуби 24-годишна девојка од Радовиш.
Девојката загина на лице место, а нејзиното момче е повредено и пренесено во болница откако во нив на пешачки премин влета 22-годишник со својот џип марка „цитроен“.
Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира смртта на девојката, слушнав крици што нема да ги заборавам цел живот! Улиците ни се како минско поле, ризик е да излезеш од дома, за жалење сме!, напиша Димоски.
-На 20.01.2022 год. во 19.44 часот пријавено е дека на кртосницата од улицата Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш која починала на лице место, соопштија од полицијата.