Вчера (20.01) во Скопје се случи страшна сообраќајна незгода во која 24-годишна девојка која поминувала на пешачки премин го изгуби животот, а момче беше повредено и хоспитализирано.Актерот Жарко Димоски, бил сведок на стравичната сообраќајна несреќа кај Сити Мол во Скопје, во која животот го загуби 24-годишна девојка од Радовиш. Нејзин сограѓанин, кој заедно со неа преминувал пешачки премин кога биле удрени од „Цитрроен“, е во болница.
Неговата објава гласи:
„Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира смртта на девојката, СЛУШНАВ КРИЦИ ШТО НЕМА ДА ГИ ЗАБОРАВАМ ЦЕЛ ЖИВОТ.
Улиците ни се како минско поле, ризик е да излезеш од дома, за жалење сме.
СОЧУВСТВО.“