July 23, 2021 22:15
Балкан Магазин

Актерката која го обвини Лечиќ како малолетничка лажно пријавила силување од фотограф, кој потоа се самоубил

Обвинувањето на српската актерка Данијела Штајнфелд дека била силувана од нејзиниот колега Бранислав Лечиќ добива нова димензија по истрагата на „Новости“, која откри контрадикторности во изјавите на актерката, како и дека кога била малолетничка лажно пријавила силување.

Како што неофицијално дознава „Новости“, Штајнфелд кога имала 13 години, го обвинила локалниот фотограф В. К. од Руски Крстур, дека се обидел да ја силува. Таа тврдела дека тоа се случило во неговата куќа и дека успеала да избега од него. Тогаш Данијела им раскажала на многу луѓе во селото за овој настан, вклучувајќи ги и нејзините пријатели од основно училиште, кои беа загрижени и решиле да го пријават случајот во училиштето. Наставниците, педагогот и психологот на училиштето спровеле интервју со Данијела и утврдиле дека ја измислила целата приказна.
Поради ова  нејзините врсници почнале да ја игнорираат Данијела и да ја избегнуваат. Човекот кого актерката го означила како сексуален насилник, а кој беше 28 години постар од неа, изврши самоубиство неколку години подоцна.

Како што тврди „Новости“, истрагата и анализата за случајот Штајнфелд започнале поради изјавата на актерката Мерима Исаковиќ од 26 мај, која исто го обвини Лечиќ за обид за силување, а која е во спротивност тврдењата на Данијела која рече„ Не се осмелував да пријавам силување. Не се осмелував никому да кажам што ми се случи“. Исаковиќ, пак изјави дека Данијела веднаш пријавила силување во Центарот за витимологија во Белград, а „Новости“ дознаваат дека Данијела сепак, пријавила силувањето во Центарот за виктимологија на 8 мај 2012 година. Но описот на силувачот нема допирни точки со Лечиќ или со некој од филмската индустрија, а Штајнфелд во август 2020 година во документарен филм открива дека ја силувале кога имала 21 година (2005), а во март годинава изјави дека била силувана во мај 2012 година кога имала 28 години. Данијела во 2020 година изјави дека Лечиќ ја силувал во автомобил, а пред неколку месеци тврдела дека ја силувал во куќа.

WCOStream - Watch anime online, English dub anime. Martian Successor Nadesico: The Prince of Darkness (Dub) Episode Full

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. D.Gray-man (Dub) Episode 103

AniWatch Watch english anime Online in HD for FREE. Garugaku.: Sei Girls Square Gakuin Episode 50 - Raw

KissAnime Cycling74: https://cycling74.com/author/60c318dba87778412f9aea11