October 22, 2021 12:27
Свет

„Аксел Спрингер” во следните пет години ќе вработи стотици новинари во „Билд” и „Политико”

Германскиот  медиумски гигант „Аксел Спрингер” има намера во следните неколку години да вработи неколку стотици новинари, изјави членот на управниот одбор Јан Баер во интервју за „Зидојче цајтунг” .

„Аксел Спрингер” е сопственик на Билд, најтиражниот таблоид во Германија, а,  исто така, во август отвори и телевизиски канал. Тој е сопственик и на дневниот весник „Ди Велт„ и има мнозински удел во „Бизнис Инсајдер”.

-Очекувам зголемување на бројот на новинари, рече Баер, кој е член на управниот одбор на медиумскиот гигант задолжен за одделот „Њуз медиа”.

-Од 16.000 вработени во „Аксел Спрингер”, 9.000 работат во медиумскиот сектор, од кои 2.400 се новинари, и тој број во следните пет години ќе надмине 3.000, што значи дека ќе се зголеми за една четвртина, рече Баер.

Бројката, додаде тој, не ги вклучува новинарите кои треба да станат дел од медиумскиот конгломерат по преземањето на американската онлајн медиумска куќа „Политико” и преостанатите 50 проценти од акциите во заедничкото вложување „Политико Европа”.

Во 2019 година, германскиот издавач влезе во стратешко партнерство со американската инвестициска компанија „Колберг Кравис Робертс” (KKR), а во 2020 година ги повлече акциите од Франкфуртската берза и најави брзо проширување на дигиталниот бизнис.

Website https://kissanime.mx: Watch Soni-Ani: Super Sonico The Animation kissanime Episode 12 detective conan kissanime

Website https://animekisa.in: Watch Dojin Work animekisa Episode 12 watch anime free

AnimeDao: Kämpfer für die Liebe anime episode 2 online free at https://animedao.nl go go go anime

TwistMoe Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Sgm controlminero: http://sgm.controlminero.gob.ec/web/dichvuseo/home/-/blogs/animeflix?_33

Misterpoll: https://www.misterpoll.com/users/1585120