September 18, 2021 15:41
Спорт

Акраповиќ се врати на клупата на Шкендија

Босанскиот фудбалски стратег Бруно Акраповиќ се врати на клупата на Шкендија и од денеска е нов шеф на стручниот штаб на македонскиот шампион, соопшти вечерва тетовскиот клуб.

Акраповиќ се враќа во редовите на Шкендија по петгодишна пауза, откако го предводеше тетовскиот прволигаш од октомври 2015 до декември 2016 година.

Тренерското место во Шкендија беше испразнето откако клупското раководство му врачи отказ минатата недела на албанскиот тренер Ернест Ѓока по катастрофално лошите изданија во еврокуповите.

Тетовскиот клуб претрпе експресна елиминација сезонава во Лигата на шампиони со два порази од словенечка Мура (0:1, 0:5), по што беше елиминиран од летонска Рига во 2. коло во Конференциската лига со вкупен резултат 0:3 (0:2, 0:1).

Website https://twistmoe.net: Watch Tenchi Muyou! GXP twistmoe Episode 26 anime sites

Website https://animedao.nl: Watch Togainu no Chi animedao Episode 12 animedao softonic

Working Buddies! No 2! (https://animekisa.in/m/qaYB) Episode 12

The Thing of Rotation for a Child (https://kissanime.mx/m/a2ZJ) Episode Full

Themehorse: https://www.themehorse.com/support-forum/users/animeflixnl/

Sonicsquirrel: http://sonicsquirrel.net/detail/user/animeflixnl/