January 24, 2021 14:20
Македонија

Ако сега се откажеме од македонската историја и идентитет, ние свесно се откажуваме од нашето минато и сегашност, да не го дозволиме тоа

идентите, јазик и историја. Расипничката политика на СДСМ во однос со преговорите и Договорот со Бугарија е на штета на македонскиот народ и бараме итно повлекување и оставка на Заев, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Анеглинка Петкова на денешниот протест во Гевгелија,  Оставка на Заев, слобода на народот,протест сега, за да ме биде предоцна, кој меѓудругото се одржува во 11 града ширум државата.

Петкова, порача дека ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставиме на ваквата сервилна политика на власта и бара итно формирање на национален консензус за националните македонски прашања кои како што вели не можат и не смеат да бидат предмет на преговори.

Бараме оставка од Заев и формирање влада за национален консензус спас бидејќи кататстрофалните политики кои ги спроведува Заев и СДСМ, ја носат Македонија во целосен пропаст. Здравствената, економската а сега и политичката криза се јасен показател дека државата тоне, вели Петкова.

Според неа, Заев е единствениот политичар кој ове 30 тина години ја понижи Македонија и македонскиот народ, распродавајќи ги македонските интереси.

Договорот со Бугарија е откажување од македонската историја, јазик и идентитет. Заев сака целосно да ја обезличи македонската држава, ВМРО-ДПМНЕ и народот тоа нема да го дозволат. Со Заев, Македонија бележи само порази и неуспеси, ако се откажеме од историјата и идентитетот тогаш тоа е исто како да се откажуваме од нашето минато и нашата сегашност и нашето достоинство кое нема цена, порача Петкова.

Петкова истакна дека протестите ќе продолжат и во наредниот период и побара масовна поддршка од народот се со цел застанување на погрешните и катастрофални политики кои ги спроведува актуелната влада и Зоран Заев.

На протестот во општина Неготино пратеникот Златко Пенков побара извнивање од владата и Заев за неговите искажани ставови и откажување на македонската историја и идентитет во интервјуто за бугарската национална агенција БГНЕС.

Бараме извинување од владата и Зоран Заев за понижувањата искажани во своето интервју за БГНЕС во кое се откажува од македонската историја и со тоа се откажува од македонскиот идентитет, вели Пенков.

Пенков смета дека Заев треба да си поднесе оставка бидејќи како што вели свесно ја манипилира јавноста и ја понижува државата пред другите земји, истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува со тргувањата на Заев со македонската историја и идентитет, како и дека сервилната политика на Заев мора да прекине сега за подоцна да не биде прекасно.

Заев не само што ја понижува државата внатре, туку ја понижува и надвор. Секаде каде што ќе замине, го понижува македонскиот народ со својата сервилна политика и непромислените изјави. Интервјуто на Заев за бугарската национална агенција БГНЕС покажува дека тој не води грижа за македонските национални интереси и ги распродава каде и да стигне, вели Пенков и додаде:

Бараме итно извинување и повлекување од функцијата, ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстваува на ваквите катастрофални политики на Заев и власта. Преку овие протести сакаме да ги информираме сите граѓани, дека нема да дозволиме понижување и распродажба на македонските национални интереси, ниту распродажба на македонската историја и идентитет. Македонија е се што имаме, мораме да ја одбраниме. Токму затоа ги повикуваме сите граѓани во наредниот период масовно, рамо до рамо да застанат со нас и да не дозволиме понижувањата да продолжат. Да излеземе што помасовно, со почитување на мерките за заштита од КОВИД 19 и да побараме оставка од Заев и слобода за народот.

JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) (https://crunchyrollfree.com/m/PLd0) Episode 39 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll 30 day trial

Naruto (Dub) Episode 220 at AnimeFreak animefreak avatar