November 29, 2022 06:26
Свет

Ако Русија припои територии од Украина шансите за нуклеарен напад се поголеми

Гувернерот на регионот Доњецк во источна Украина вели дека шансите Русија да изврши нуклеарен напад може да се зголемат доколку Владимир Путин лажно прогласи четири украински региони за руски.

„Украина мора да биде подготвена. Прибегнувањето кон нуклеарната опција ќе ја фрли Русија во бездна“, изјави украинскиот гувернер Павло Кириленко за „Скај њус“.

Кириленко зборуваше за „Скај њус“ за петдневното гласање на лажни референдуми за тоа дали окупираните источни и јужни региони на Украина ќе се приклучат на Русија.

Се очекува дека резултатите, кои нема да бидат меѓународно признати, ќе ја откријат победата на поборниците за припојување на украинските територии кон Русија. Кириленко наведува дека овој потег нема да промени ништо за Украина и дека земјата има намера да се бори за враќање на нејзините територии окупирани од руските сили.

„Постои и закана од хемиско и друго забрането оружје за масовно уништување. Долго време се прават напори за евакуација на луѓето од областите на фронтот за да се намали изложеноста на такви закани. Украина, исто така, ја зајакнува својата одбрана во регионот Доњецк за да го спречи рускиот напредок и контранапади со цел да се врати територијата контролирана од Русија. Ова се случува на различни фронтови во Доњецк во две важни битки“, изјави украинскиот гувернер, пренесе Индекс.хр.