December 9, 2018 20:46
Свет

Ако патувате во Рим, внимавајте на вашето однесување

Минатиот месец градоначалникот на Рим потпиша измена на закон со која се предвидуваат построги казни за непримерно однесување во престолнината која годишно ја посетуваат околу 9,5 милиони туристи.

Новата одредба, со која законот се менува за првпат по 1946. година, го санкционира пијанството во доцните вечерни часови во јавност, влегувањето во фонтани и некултурното однесување во близина на важни историски локалитети.

Одредбата исто така и дава повисок авторитет на локалната полиција која има право да им забрани на вадалите влез во одредени делови од градот, а таквата забрана може да ја имаат и во наредните неколку месеци.

„Лошото однесување го уништува градот и неговите знаменитости во центарот. Во текот на летото, луѓето се бањаат во најпознатата фонтана во светот. Ѓубрето привлекува галеби, па сега Рим изгледа како од филм на Хичкок“, заклучува Сара Верде, извршна директорка на агенцијата „Rome tour guide“.

Related posts

Трамп советува употреба на греблa за заштита од пожарите во Калифорнија

Filip

На Меркел ѝ се заканува политички крај, смета австрискиот заменик-канцелар

24info

Намибија отстранета од списокот на ЕУ за даночни оази

Ivona