January 17, 2019 12:40
Македонија

Ако не го кастрирате кучето мора да се регистрирате како одгледувачница

Ако сте сопственик на домачен миленик и решите од него да добиете потомство, мора да се регистрирате како одгледувачница. Трошоците за тоа секако се на ваша сметка. Ваша должност ќе биде да ги пријавите новородените кучиња или мачки, но и новите сопственици откако ќе ги дадете или продадете. Во спротивно мора да го кастрирате своето куче или мачка. Ова се само дел од измените на новиот Предлогот за изменување и дополнување на законот за заштита и благосостојба на животните кој ги направи Агенцијата за храна.

-Со измените на Законот се врши унапредување на одредбите во однос на контролата на популација на бездомни кучиња. Со предлог измените на законот, секој сопственик кој држи репродуктивно способно куче или мачка ќе треба да се регистрира како одгледувачница. Оние сопственици кои нема да сакаат да се регистрираат како одгледувачници ќе треба да го кастрираат или ојаловат својот домашен миленик. Ова во голема мера ќе допринесе за намалување на бројот на бездомни кучиња на улиците- стои во Законот.

Одгледувачниците треба да го пријават леглото од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница, да ги идентификуваат и регистрираат младенчињата согласно Законот за идентификација и регистрација на животните пред да ги вдомат како и да ги пријават лицата кај што ги вдомиле младенчињата. Трошоците за овие постапки се на товар на одгледувачниците. Доколку не го сторат тоа глобите се од 150 до 500 евра во денарска противвредност.

При контролата на популацијата на кучиња еден важен сегмент е неодговорното сопствеништво односно контрола на приливот на кучиња кои потекнуваат од сопственици кои имаат несакани легла или го напуштаат својот домашен миленик.

Со воспоставување на оваа мерка многу ќе се допринесе за зголемување на свеста на сопствениците на кучиња и мачки кои пред да почнат да ги чуваат треба добро да размислат дали имаат услови и дали навистина сакаат да чуваат домашен миленик и да се свесни за одговорностите и финансиските трошоци кои ќе ги имаат како сопственици на животни. Од друга страна, очекуваме да се зголеми процентот на вдомување на бездомни кучиња од било кое одобрено прифатилиште каде кучињата кои се нудат за вдомување треба да се здрави, неагресивни, вакцинирани, идентификувани и кастрирани односно ојаловени- се вели во Законот

Валентина Ангеловска

Related posts

ПАНИКА во Аеродром евакуираат зграда

24news

Пратенички прашања во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува

24news

Заев ќе разговара со младите за можностите што им се нудат со влезот во ЕУ

24news