November 28, 2020 00:41
Македонија

Ако Заев прифати дека Гоце Делчев е Бугарин, следната влада на ВМРО-ДПМНЕ таа одлука ќе ја поништи

Зоран Заев бега од лидерска средба затоа што ќе мора да се соочи со сите овие штетни политики кои што се негово секојдневие, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашања од граѓаните на LiveChat на Фејсбук.

Мицкоски истакна дека Заев никогаш не би сакал да се договара со Македонците, туку тој повеќе би сакал да бара сојузници во некои други народи.

-Не сака да преговара со македонците затоа што губи, како што губи во преговорите со другите. Тој бега од лидерски средби затоа што во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ ќе губи Заев, а ќе добиваат македонците. Тој е навикнат да губи во наше име, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека таков пример е актуелниот кој во јавноста се рефлектираше дека од Бугарија се бараат измени, со цел асимилација на македонската нација, што Бугарија не го негира тоа.

– Доколку навистина биде прифатено од страна на СДСМ и Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла на зборот е Македонец, а како националност, односно нација е припадник на Бугарската нација, тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на современата македонската држава, понижување, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека такво прифаќање ќе биде на одговорност на Зоран Заев и СДСМ, а следната влада на ВМРО-ДПМНЕ таа одлука ќе ја поништи.

Live Chat, 19.10.2020

Posted by Hristijan Mickoski on Понеделник, 19 октомври 2020