June 21, 2021 18:38
Спорт

Академија Пандев размислува да истапи од Првата лига

Фудбалскиот шампионат во Македонија е на еден чекор пред крајот на лигашкиот дел, по што следуваат баражите, а „играта“ почна да се преселува повторно како и многупати досега надвор од терените. Причина е мартовското изборно Собрание за раководство на Фудбалската федерацијаја на Македонија кое иако се одржа и се направи реизбор, некои клубови не го прифатија, сите делегати на највисокиот раководен орган не дојдоа, а Агенцијата за млади и спорт не го признава овој чин како легитимен избор. За АСМ реизборот е нелегитимен, бидејќи ФФМ не ги почитува упатсвата за усогласување на Статутот со Законот за спорт во земјава.

Клубовите си го бараат своето.  Да се усогласи Статутот и тие да бидат кои ќе одлучуваат кој ќе ја води Федерацијата и како ќе се развива мак-фудбалот. Координаторот на прволигашот Академија Пандев, Југослав Тренчовски гостувајќи во емисија на „360 степени“ најави повлекување на клубот од Првата лига доколку ФФМ не ги испочитува овие барања на клубовите.

Поради ваквата ситуција да не можат клубовите да си одлучуваат за својата судбина, а тоа место нив да го прават луѓе кои не даваат ниту денар, освен што земаат, од фудбалот, се повлече и Кочо Анѓушев од Борец. Сега таква најава додаѓа и од Горан Пандев кој лично пред мартовското собрание го критикуваше раковдството на ФФМ, а сега неговата „десна рака“, Југослав Тренчовски уште еднаш ги повторни нивните клупски ставови. Овој процес го поддржува и новиот првак Шкендија.

-Со нашиот газда, идол на сите во Македонија, веќе сериозно размислуваме со Академија Пандев да се повлечеме од актуелното играње во Првата лига, сѐ додека не се усогласи Статутот на ФФМ со Законот за спорт. Последното Собрание на ФФМ (кога беше реизбран Муамед Сејдини – н.з.) е нелегитимно закажано и нелегитимно одржано, зашто поголем дел од клубовите не го поддржаа. Ние како клуб сакаме да се почитува нашиот глас, нашето право, а ако може ние како клуб да ги почитуваме сите закони во Македонија, тогаш мора и ФФМ да ги почитува сите законски акти, вклучувајќи го и Законот за спорт. Во моментов во актуелното раководство на ФФМ, само еден член од Управниот одбор има некаква релација со клуб и тоа е Добре Иванов со Силекс, посочи Тренчовски меѓу другото за моменталната ситуација во мак-фудбалот.

AnimeTV ha anime tv: The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement (https://animetv.cc/m/aEZo) Episode 17

AnimeFreak animefreak site: I Shaved. Then I Brought a High School Girl Home. Episode 6