March 1, 2021 10:27
Спорт

Академија Пандев против Црвена ѕвезда на подготовките во Анталија

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев договори контролен натпревар против српскиот шампион Црвена ѕвезда.

Двете екипи се подготвуваат за пролетниот дел на сезоната во своите првенства во Анталија, а контролниот натпревар е закажан за в четврток од 15 часот.

Првично беше најавено дека Академија Пандев задутре ќе игра против украински Лвив, а Црвена ѕвезда против словенечки Марибор. Од српскиот тим, меѓутоа, вечерва официјално соопштија дека распоредот е изменет и оти е договорен пријателски натпревар против македонскиот прволигаш.

Академија Пандев на првиот меч од подготовките во Турција, одигра во неделата нерешено 1:1 против косовскиот прволигаш Арберија.

KonoSuba: God's Blessing on This Wonderful World! Episode 10 at website https://animefreak.ws animefreaks website

World Trigger 2nd Season (https://funimationfree.com/m/5QbY) Episode 3 at website https://funimationfree.com. See more funimation movies