January 22, 2020 20:30
Свет

АИ: Во протестите во Иран најмалку 208 жртви

Најмалку 208 лица се убиени за време на протестите во Иран против наглото зголемување на цените на горивата, а акциите за разбивање на протестите ги спроведоа безбедносните сили, соопшти „Амнести интернешнал“.

„АП“ наведе дека владин функционер признал оти и кажал на полицијата да пука кон демонстрантите.

Иран, кој не даде детали за жртвите, претходно ги отфрли бројките на Амнести.

Демонстрациите во Иран започнаа кон средината на ноември по одлуката на властите да ги зголемат цените на горивата, како дел од мерките за олеснување на санкциите на САД.

Нови вести

Шест лица погинаа од бурата „Глорија” во Шпанија

Filip

Британскиот Претставнички дом ги отфрли промените на предлог-законот за Брегзит

Filip

Си-Ен-Ен”: Сандерс и Бајден водат во трката за претседателски кандидат кај демократите

Filip