June 25, 2022 22:33
Свет

„Азовстал” падна, командантот на „Азов“ Русите го изнесоа со специјално оклопно возило

Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека фабриката „Азовстал” во Мариупол е целосно ослободена.

-Територијата на металуршката фабрика „Азовстал” во Мариупол, каде група украински милитанти од нацистичката формација „Азов” беше блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена, изјави вечерва портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

„Последната група се предаде денеска”, додаде тој.

Министерството за одбрана соопшти дека т.н командант“ на полкто „Азов“ Денис Прокопенко, поради омразата од граѓаните на Мариупол и желбата за одмазда кон него, бил изведен со специјално оклопно возило.

Руските медиуми пренесоа дека министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, веќе го информирал претседателот Владимир Путин за завршувањето на операцијата и целосното ослободување на „Азовстал” и градот Мариупол од украинските сили

Министерот Шојгу кажа дека подземните објекти во фабриката се под контрола на руски војници.

Министерството за одбрана соопшти дека 2.439 неонацисти од „Азов” и украински војници заглавени на територијата на фабриката го оставиле оружјето и се предале. Последната група од 531 милитант се предала денеска.

Овие тврдења не можат да се потврдат, а украинската страна се уште не одговори на веста на руското МО.

https://tai.go88.is/

https://sunwin.fan/