December 2, 2022 11:02
Македонија

Азески: Натамошното ескалирање на енергетската криза ќе има негативен ефект кај 20-тина отсто од компаниите

Да се изнесе реалната ситуација и да се промени методологијата на поддршка, побара првиот човек на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој денеска беше еден од учесниците на состанокот на владиниот Економски совет во проширен состав, на која околу три часа се разговараше за енергетската криза и мерките, кои Владата би требало да ги преземе за да се ублажи ценовниот удар.

– Да ни се каже реалната ситуација и да се промени методологијата на поддршка. Тоа значи да се биде сега и веднаш. Тоа нас не чини, бизнисот е менлива категорија и зависи од берзите од многу елементи, истакна Азески.

Според него, натамошната ескалација на енергетската криза ќе има негативен ефект кај 20-тина отсто од компаниите, кои и заради други причини не можеа да ги пребродат работите.

Академик Таки Фити по седницата на Советот изјави дека земјава се најде во тешка ситуација, затоа што немаме доволна домашно производство на енергија, туку сме увозно зависни.

– Со години тука не е инвестирано ништо и сега треба да го решаваме проблемот ваков каков што е, а ситуацијата станува се потешка со ограничен фискален простор и опасност во светски размери, рече Фити.

Според него, најлошата варијантана на економска криза е онаа која значи едновремено паѓање на производството и класична рецесија, меѓутоа и релативно високи стапки на инфлација и високи стапки на невработеност.

– Оваа година ние нема да влеземе во таков тип на рецесија. Ќе видиме како ќе биде до година, бидејќи се зависи од тоа што ќе се случува со цената на енергијата, а нема шанси брзо да заврши војната во Украина, додаде Фити.

Според поранешниот министер за финансии Никола Поповски, пак, светот денес е соочен со избор или да ја зачува макроекономската стабилност, што значи ниски цени и валутни односи и ниска инфлација или да жртвува дел од растот.

– Мое мислење е дека во моментот треба да води сметка за ценовата стабилност, бидејќи растот и да се изгуби за еден-два три квартали, тоа не значи ништо, тој ќе се врати. Но, ако

се наруши ценовата стабилностна долг рок, сите квартали во идните години ќе бидат со економски проблеми, изјави Поповски по седницата на владиниот Економски совет.

Според него, тоа е приоритетно, но сепак конечната одлука ќе треба да ја донесе Владата.