August 2, 2021 19:35
Свет

Азербејџан и предаде 15 воени заробеници на Ерменија

Една недела пред предвремените парламентарни избори во Ерменија, Азербејџан денеска на соседната земја и предаде 15 воени заробеници, согласно мировниот договор со кој заврши конфликтот кон крајот на 2020 година.

Азербејџанското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека воените заробеници беа предадени на заедничката граница со посредство на претставници од Грузија.

Ерменија за возврат предаде „мапа со 97.000 противтенковски и противпешадиски мини поставени во областа Агдам”, соопшти Министерството.

Агдам е една од териториите што Ерменија мораше да му ги предаде на Баку според мировниот договор постигнат со посредство на Русија.

Досега имаше неколку размени на воени заробеници, но Ерменија постојано го обвинуваше Азербејџан дека не го исполни договорот за предавање на сите воени заробеници, иако помина повеќе од половина година од судирот на двете земји околу Нагорно- Карабах.

Од 27 септември до 9 ноември 2020 година, во конфликтот за енклавата Нагорно Карабах, во која претежно живееја православни Ерменци, Азербејџан успеа да заземе големи делови од територијата што ј во есента 2020 година а изгуби во претходните конфликти во раните 1990-тите.

Во шестнеделниот конфликт во есента 2020 година загинаа повеќе од 6.000 лица, што предизвика сериозна политичка криза во Ерменија и предвремени парламентарни избори.

Многу Ерменци за поразот го обвинуваат премиерот Никол Пашинијан, чија оставка беше побарана со масовни протести.

KissAnime Watch english anime Online in HD for FREE. One Piece: Clockwork Island Adventure Episode Full

AnimeFreak Watch english anime Online in HD for FREE. Watch Future Card Buddyfight Hundred (Dub) Episode 25

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD. Gunslinger Girl (Dub) (https://animeheaven.pro/m/ob2o) Episode 13

KissAnime Pinterest: https://www.pinterest.com/kissanimemx/