October 30, 2020 08:18
Спорт

Азаренка: Очигледно ќе мора да се обидам повторно

Викторија Азаренка, која го загуби третото финале на УС Опен, и честиташе на шампионката на УС Опен, Наоми Осака, која триумфираше по втор пат во Њујорк, откако тоа го стори во 2018 година.

Јапонката вчера вечерта ја совлада Азаренка со 1:6, 6:3, 6:3.

– Мислев дека среќата доаѓа на трета, но претпоставувам дека ќе треба да се обидам повторно. Честитки за тебе и за твојот тим, Наоми, тоа беа неверојатни две недели. Јас сум многу среќна за тебе и се надевам дека ќе се видиме во повеќе финалиња. Сакам да му се заблагодарам на мојот тим што продолжи да биде покрај мене и да верува во мене. Следните недели исто ќе бидат забавни. Се радувам на ова патување. Патот досега беше долг, но беше забавен, рече Азаренка на доделувањето на наградите.