Економија Македонија

АЕТМ: Над 100 пријавени за наградите за е-трговија, рокот за пријавување истекува во среда

Во среда, на 12 јануари, истекува рокот за пријавување за учество на првите награди за е-трговија „Ecommerce Awards” што ги организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ.

Целта на востановувањето на наградите е да се препознае успешната работа на македонските е-трговци како и да се поттикне што повеќе компании да се вклучат во е-трговијата и да го унапредат своето работење.

Од Асоцијацијата за е-трговија велат дека иако пријавувањето е отворено само неколку дена, досега има голем интерес од страна на е-трговците и на официјалната веб страница на натпреварот има пристигнато голем број на пријави од македонските е-трговци.

Според Нина Ангеловска, претседателка на АЕТМ, е-трговијата за време на пандемијата не претставуваше избор, туку неопходност – граѓаните мораа да ги зајакнат своите дигитални вештини во услови на забрани за движење со цел да стигнат безбедно до производи и услуги, а компаниите мораа да се адаптираат со цел да компензираат за падот на физичките локации, да стигнат до нови клиенти и да го одржат својот бизнис.

-Колку што претставуваше можност оваа состојба за е-трговијата, толку претставуваше и предизвик за компаниите кои вложија труд и напори и со тоа придонесоа и за унапредување на македонската е-трговија. Структурата на онлајн трансакции значајно се промени во полза на домашните е-трговци. Првите награди во е-трговија „Ecommerce Awards” ќе ги препознаат овие напори на е-трговците, ќе ја промовираат е-трговијата, а ќе влијаат и на зголемување на конкурентноста меѓу бизнисите за е-трговија, вели Ангеловска.

Најдобрите е-трговци ќе се одбираат во 18 категории поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање и Најдобри е-продавници по сектори. Помеѓу категориите се: “Најпопуларна е-продавница”, “Е-продавница на годината за облека и обувки”, “Е-продавница на годината за бела техника и електроника”, “Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината” и др., а главната награда е резервирана за категоријата “Е-трговец на годината”.

-По затворање на рокот за пријавување, сите пријави ќе бидат внимателно проверени и оние кои ги исполнуваат условите на натпреварот ќе бидат објавени на 21 јануари на листата на номинирани во соодветните категории на официјалната веб страна на ‘Ecommerce Awards'”, изјави Ива Марковска, проектен менаџер на „Ecommerce Awards” во АЕТМ.

По објавувањето на номинираните е-трговци ќе следи гласање од јавноста кое ќе трае до 10 февруари, како и гласање од жири комисијата составена од стручни лица.

Иницијативата „E-commerce Awards” е поддржана од Мастеркард како генерален партнер и од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ како главен поддржувач.

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

animefreaks website AnimeFreak Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai

stream anime online Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

Attack on Titan Season 3 (Dub)

AnimeFreak One Piece (Dub) Episode 758

My Hero Academia Season 5

tải go88