Македонија

Аерoдром со најмногу заразени од Ковид 19 во Скопје

Во Скопје, од почетокот на пандемијата со Ковид 19 има регистрирано вкупно 685 заболени од кои во моментот 178 се активни, покажуваат официјалните статистики на министерството за здравство.

Според „Фокус“, од вкупниот број на заразени од Ковид 19 во Скопје, дури 390 заболени граѓани се од шест скопски општини и тоа 98 се од Аеродром, 70 од Карпош, 63 од Чаир, 41 од Сарај, 84 од Гази Баба и 34 од Бутел.

Само од денешните 23 новозаболени лица 12 се од Скопје. Од вчерашните, пак, 40 новозаболени, 26 се од главниот град од кои 9 од Аеродром, а седумина се од иста фамилија.

Поврзани вести

Македонец не учествувал во атентатот врз водачот на Кавачкиот клан

Igor

ИВЗ го разреши реисот Сулејмани

Igor

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Valentina