September 22, 2019 16:49
Скопје

Аеродром продолжува да ги чисти дивите депонии

Во тек е акцијата за чистење на дивите депонии на територијата на Општина Аеродром. Деновиве службите работат на расчистување на дивата депонија на бул. „Трета македонска бригада“, спроти Американ колеџ.
Во изминатиот период целосно беа исчистени депониите во близина на амбулантата во населба Лисиче, просторот меѓу Лисиче и Реонски центар, Бановина во Горно Лисиче, Усјански канал, како и дивите депонии во Долно Лисиче.
Општина Аеродром апелира до граѓаните совесно да се однесуваат со отпадот и правилно да го селектираат на соодветните места. Наша цел е да обезбедиме чиста животна средина за сите граѓани.

Нови вести

Инфраструктура на Скопје се уште не е подготвена за велосипедска револуција

Filip

Помор на риби во реката Вардар

Igor

Хуманитарната трка „Подај рака 2019″ за поддршка на заболените од Вилсон

Igor