February 22, 2020 19:30
Скопје

Аеродром воведува родова перспектива во програмите

Дел од вработените во општинската администрација деновиве беа обучени како да воведат родова перспектива во своите програми, што во следната фаза ќе помогне за родово одговорно буџетирање.

Знаењата што беа стекнати на обуката преку практични и стратегиски вежби, дефинирање на соодветни индикатори и мерки на работилницата, општинската администрација во иднина ќе може да креира родово избалансирани политики, а на тој начин и жителите на Општина Аеродром ќе добијат еднакви можности и подобри услови за живот.

Обуката ја одржа екипа на УН вуман во рамките на проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида. Инаку, обуката ја следеше и дел од администрацијата на Општина Гази Баба.