January 17, 2021 22:38
Свет

Аеродромот „Шипхол” се подготвува за чување во ладилници и дистрибуција на вакцините против Ковид-19

Во ладилниците на аеродромот „Шипхол” во Амстердам, работниците од авиокомпанијата „КЛМ” се подготвуваат да ги примат вакцините против коронавирус, што  мора да се чуваат на многу ниски температури и на тој начин да се дистрибуираат низ целиот свет.

Преку овој аеродром веќе беа дистриубирани вакцините против Ковид-19 што беа во фаза на клинички испитувања, а управата на аеродромот вели дека се подготвени за транспорт и на вакцините.

-Подготвени сме, сега е најважно вакцините да се дистрибуираат со најбрзо можно темпо, изјави извршниот директор на „КЛМ”, Питер Елберс, пренесуваат британските медиуми.

Како што досега е познато, вакцините произведени од компанијата „Фајзер” мора да се чуваат на температура од минус 70 степени, додека вакцините на компанијата „Модерна” треба да се чуваат на температура од минус 20 степени.

Watch In Another World With My Smartphone (Dub) Episode 5 (https://animeheaven.pro/m/667L/ep-5) at website https://animeheaven.pro bleach anime heaven

Watch Fate/stay night: Heaven's Feel - III. Spring Song Episode Full - Cam at website https://animeplanet.cc sword art online alicization anime planet