February 3, 2023 10:58
Економија Македонија

АД ЕСМ во изминатото деноноќие целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, произведени 12.636 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 29.11.2022 година произведе 12.636 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 8.080 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.556 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 4.580 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта и објекти од виталната инфраструктура во државата.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 29.11.2022 година.