October 22, 2021 12:15
Магазин Спорт

Адетокумбо по средба со Сакеларопулу: И да не добиевме грчки пасоши, повторно тука ќе се враќавме

Ако некој некогаш ни кажеше дека со напорна работа, по осум години, ќе бидеме тука, ќе седиме и ќе разговараме со првата жена претседател на Грција, ќе ви кажев дека ме лажете, рече грчкиот кошаркар и член на „Бакс”, Јанис Адетокумбо, по приемот кај претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу. Јанис, заедно со мајка му Вероника и брат му Алекс, кои добија грчко државјанство, претпладнево се сретнаа со грчката претседателка, а при излегувањето Претседателската палата, во изјава за неколку медиуми, меѓу кои и МИА, популарниот „Грик Фрик”, очигледно длабоко трогнат, но во обид да остане смирен, накусо ја раскажа неговата приказна, но и приказната на неговите родители.

-Размислувам и се потсетувам како беше сите овие години. Бидејќи јас пораснав со родители од Нигерија, кои во Грција дојдоа во 1990 година. Живееја нелегално во Грција, се жртвуваа за нивните деца,не запишаа во грчко училиште, не израснаа овде. Нелегални беа овде, се плашеа да излезат надвор, не научија на принципи, не оставија да ја научиме грчката култура, рече Адетокумбо.

Додаде дека на средбата со Сакеларопулу, грчката претседателка сакала да ја чуе нивната приказна и истакна дека без разлика на документите и добиените пасоши, Грција, за семејството Адетокумбо секогаш ќе биде нивниот дом.

-Осум години подоцна, тогаш родителите ја гледаа нашата иднина. Ние не знаевме, бевме деца. Осум години подоцна, со посветеност и со напорна работа, овде сме, со првата жена претседател на Грција. Седевме, разговаравме. Сакаше да ја слушне нашата приказна, ни ја раскажа нејзината приказна. Вчера, кај премиерот и мајка ми и брат ми добија грчки пасоши.  И да не ги добиеја, секогаш тука ќе се враќаме. Овде е нашата татковина, истакна Јанис.

Со оглед на тоа дека семејството Адетокумбо задоцни на средбата со грчката претседателка, Јанис се извини за доцнењето, велејќи дека паралелно со тренинзите е и бебиситер со оглед на тоа дека неодамна му се роди и второто дете.

Сакеларопулу, нејзиниот пример како прва жена претседател и прототип за младите девојчиња, го спореди со примерот и придонесот на Јанис за децата.

– Како што велите за мене, дека како прва жена претседател сум прототип за младите девојчиња дека може да успеат, Вие сте голем прототип за младите, за малите деца. Децата уште од основно училиште ја имаат вашата фотографија во нивните соби, многу значи. Тоа е секако и товар, но е и многу важно. Ова мислам дека го добивте и како спортист, но и со вашето претставување и со вашиот морал. Секако, ова е нешто што доаѓа од семејството и го негува како што расте, истакна Сакеларопулу.

Претседателската палата се наоѓа во строгиот центар на Атина, веднаш до Националната градина и се на мапата туристички атракции во грчката престолнина, па така во моментите кога семејството Адетокумбо пристигнуваше на средбата, но и при заминувањето, голем број туристи случајно се најдоа во близина, не можеа да поверуваат дека го гледаат Јанис во живо.

– Ова е лудо. Од Португалија сум и поминувавме низ паркот и го видов Јанис Адетокумбо. Многу го сакам, голем фан сум на НБА. Ова беше толку неочекувано, рече за МИА турист од Португалија, кој заедно со неговата девојка случајно го видоа двократниот МВП.

Вчера, во премиерската палата во Атина, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицоракис, мајката на Јанис, Вероника Адетокумбо и Алекс најмладиот од браќата Адетокумбо добија грчко државјанство.

KissAnime - Watch Anime Online Free English Sub & Dub | Kiss Anime

Midnight occult civil servants (Dub) Episode 12

Website https://animetv.cc: Watch Future Card Buddyfight Ace (Dub) animetv Episode 43 all anime tv

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

Startupmatcher: https://startupmatcher.com/p/kissanime-2

Basenotes: https://www.basenotes.net/members/26339262-animeflixnl