August 22, 2019 09:31
Македонија

Адеми: Според ситуацијата со морбилите на терен, МОН ќе преземе мерки

Министерството за образование и наука ја следи ситуацијата со епидемијата од морбили, во координација е со министерствата за здравство и за труд и социјална политика и врз основа на состојбата на терен ќе одлучи за евентуално одложување на второто полугодие од учебната 2018/2019 година, што  треба да почне на 21 јануари.

-Во целосна коодинација сме и со министерот за  здравство и со министерката за труд и социјална политика, под чија надлежност е предучилишното образование, и сериозно ја следиме ситуацијата. Според тоа што ќе го имаме на терен, ќе преземеме мерки во пресрет на второто полугодие. Ќе биде преземено тоа што е неопходно од наша страна како надлежна институција, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми по посетата на ОУ „Васил Главинов” во Чаир кое се реконструира.

Додаде дека со тие две министерства МОН е во координација и за изнаоѓање законско решение со кое, како што рече, ќе се поттикнат сите родители да ги вакцинираат децата затоа што основното образование е задолжително.

-Треба да водиме грижа и за следење на  воспитно-образовниот процес во основно и за вакцинацијата на нашите деца. И во постојниот Закон за основно образование е предвидено дека при упис на децата во основно, нивните родителите треба да докажат дека биле вакцинирани, рече Адеми.

Соопшти и дека втората нацрт-верзија од новиот закон за основното образование е во финална фаза и наскоро ќе биде објавен на електронскиот регистар на прописи (ЕНЕР) и, како што рече, ќе содржи квалитетни решенија.

Нови вести

Јанева од Шутка со полициска придружба ќе замине на погребот на нејзината мајка

Daniela

Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева

Daniela

Во Кривичен судење за „Монструм”

Daniela