Македонија

Адеми: Прв премиер Албанец е реалност, ќе срушиме уште едно табу

ДУИ поддржува укинување на техничката влада во последните 100 дена од мандатот. Според ДУИ, тоа не влијае на политичкиот договор за албански премиер чие име на кандидатот ќе го предложи неговата партија, рече во „Патот кон …“ на Алсат,  координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми од ДУИ, подвлекувајќи дека оваа иницијатива има целосна поддршка од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и другите албански опозициски партии.

Според него, Албанец премиер во последните 100 дена ќе урне уште едно табу.

-Секако да, главната цел на овој парламентарен состав и оваа влада, која ја има нашата максимална поддршка е реализација на ветувањето за прв премиер Албанец предложен од ДУИ и кој ја ужива поддршката не само од СДСМ, туку и од ВМРО-ДПМНЕ и другите албански опозициски партии, барем така е констатирано. Нашите кадри од ДУИ досега кршеа табуа, кршеа некои бесмислени предрасуди. На чело на сите институции во кои се нашите кадри докажаа дека ништо лошо не ѝ се случува на државата, вклучително и функцијата претседател на Собранието, првиот министер за надворешни работи…, така што  нема ништо лошо со државата, напротив нејзините позиции кон развојот се зајакнати. Негувана е вредноста на еднаквоста, рече Адеми.

Од Алијанса за Албанците велат дека не веруваат во ветувањето на ДУИ за реализација на албанскиот премиер.

„Ова со албанскиот премиер е последниот очаен и неуспешен обид на ДУИ. Тоа е кампања во која ни сами не веруваат. Никаде не спомнале ниту 100 дена, ниту 10, ниту 50 дена. Го понудија албанскиот премиер и потоа го прогласија Зоран Заев, а сега Димитар Ковачевски. Никој од нив не е Албанец“, вели Ремзи Мехмеди од АА.

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

watch animes Naruto: Shippuden (Dub)

sites to watch anime AnimeFreak Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

Ranking of Kings

AnimeFreak Dragon Ball Z (Dub) Episode 290

AnimeFreak Naruto