April 20, 2021 18:25
Спорт

Адеми и Ристовски со Динамо Загреб денеска го чекаат противникот за осминафиналето во ЛЕ

Денеска  во Нион, седиштето на УЕФА (13 ч) ќе биде извршена ждрепката за осминафиналните двојки во Лига Европа. Првите натпревари од оваа втора елиминаторна рунда се закажани за 11 март, а реванш-средбите за седум дена подоцна.

За разлика од предходната ждрепка, во оваа рунда ждрепката нема да биде полудиригирана, што значи дека и екипи од иста држава можат да се падната да играат меѓу себе.

Победниците од двомечот ќе се пласираат во четвртфиналето, а ждрпката за ова и полуфиналната рунда од второто по ранг фудбалско клупско натпреварување е закажана за 19 март.

Мак-фудбалот во репрезентативците Аријан Адеми и Стефан Ристовски кои се членови на хрватскиот првак Динамо Загреб, ќе има свои претставници во завршните натпревари од ЛЕ.

Учесници во денешната ждрепката се екипите на :Милан, Рома, Ајакс, Аарсенал, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Динамо Загреб, Гранада, Виљареал, Молде, Олимпијакос, Ренџерс, Шахтјор, Динамо Киев, Славија Прага и Јанг Бојс.