December 5, 2021 10:41
Спорт

Адеми и Ристовски за европска пролет против белгискиот Генк

Денеска од 18.45 часот во претпоследното петто коло од Лига Европа екипата на Динамо Загреб на „Максимир“ стадионот ќе го пречека Генк од Белгија во важен натпревар за пласман во плеј-оф фазата и додатна заработка.

Како што е познато во рамките од групата „Х“, хрватскиот клуб е на второто место со шест бодови, два повеќе од третопласираниот Генк. Лидер е Вест Хем со 10 бодови, а четвртопласирана е екипата на Рапид Виена со три.

Со победа играчите на тренерот Дамир Крзнар ќе се најде и официјално на едно од првите две места, во првиот меѓусебен меч во Белгија славеа Хрватите со 3:0.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми повторно е активен на теренот, на последниот лигашки меч против Осиек ги одигра последните 20 минути.

– Секој натпревар во Динамо е притисок, тоа не е ништо ново. Ова е важен натпревар, но така беше и на сите претходни мечеви. Треба да бидеме сконцентрирани, подготвени и сигурни за победа. Колку можам да придонесам во четврток? Колку што е потребно – рече Адеми.

Според хрватските медиуми се очекува во стартниот состав на Крзнар да биде и нашиот дефанзивец Стефан Ристовски. Можен стартен состав на Динамо за денешната средба против Генк: Ливаковиќ, Ристовски, Шутало, Теофил, Леовац, Мишиќ, Иванушец, Адеми, Петковиќ, Оршиќ, Андриќ.