June 27, 2022 03:18
Спорт

Адеми е најдобар играч на Динамо Загреб во пролетниот дел од сезоната

Динамо Загреб во чии редови настапува македонскиот репрезентативец, објави дека капитенот на клубот Аријан Адеми е прогласен за најдобар во вториот дел од сезоната во Хрватска.

Во анкетата учествуваа повеќе од 2.300 навивачи, нашиот играч на крајот дојде до признанието, освојувајќи 32% од гласовите.

На второто место се најде Мислав Оршиќ (31,5% гласови), а на третата позиција е Јосип Шутало (7,1% гласови).

Потсетување дека Адеми сезонава ја освои 20 титула во дресот на „модрите“, најтрофеен во историјата на клубот.

– Секако дека е голема чест да се добие ваква награда. Во вториот дел од сезоната почнавме одлично и бевме во мала криза, но на крајот по којзнае кој пат покажавме карактер и заслужено ја обезбедивме титулата шампион. Исто така, оставивме добар белег во Лига Европа, и иако испаднавме од силната Севиља, мислам дека можеме да бидеме среќни и горди на себе.

Тешко ми е да го издвојам најдобриот натпревар во овој дел од сезоната, но ако навистина треба да изберам, тогаш тоа нека биде Риека и нашиот голем пресврт што го направивме. Голема благодарност до сите фанови кои гласаа за мене, како и до сите кои нè следат во текот на целата сезона. Вие сте голем ветер зад нас и се надевам дека ве израдувавме со титулата шампион и дека така ќе продолжиме – вели Адеми.

go88 play go88

shenzhen sunwin intelligent-a sunwin miễn phí tải game sunwin sunwin mod apk