January 17, 2019 12:48
Скопје

Адеми: Епидемијата на морбили може да го одложи стартот на второто полугодие

Министерството за образование и наука ја следи ситуацијата со епидемијата од морбили, во координација е со министерствата за здравство и за труд и социјална политика и врз основа на состојбата на терен ќе одлучи за евентуално одложување на второто полугодие од учебната 2018/2019 година, што  треба да почне на 21 јануари.

Во координација сме со министерот за  здравство и со министерката за труд и социјална политика, под чија надлежност е предучилишното образование и сериозно ја следиме ситуацијата. Според тоа што ќе го имаме на терен, ќе преземеме мерки во пресрет на второто полугодие. Ќе биде преземено тоа што е неопходно од наша страна како надлежна институција, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми по денешната посета на ОУ „Васил Главинов“ во Чаир кое се реконструира.

Адеми рече дека се бара законско решение со кое ќе се поттикнат сите родители да ги вакцинираат децата затоа што основното образование е задолжително.

„Треба да водиме грижа и за следење на  воспитно-образовниот процес во основно и за вакцинацијата на нашите деца. И во постојниот Закон за основно образование е предвидено дека при упис на децата во основно, нивните родителите треба да докажат дека биле вакцинирани“, рече Адеми.

Соопшти и дека втората нацрт-верзија од новиот закон за основното образование е во финална фаза и наскоро ќе биде објавен на електронскиот регистар на прописи (ЕНЕР) и ќе содржи квалитетни решенија.

Related posts

Почнува изградбата на патот во Долно Лисиче

Igor

(Видео+фото) Градоначалникот Смилевски го даде својот отчет за сработеното во првата година од неговиот мандат

24news

Скопските пожарникари ќе добијат нови возила

24news