November 30, 2021 09:37
Магазин

Адел ќе каже сè за себе во интервју за Опра

Британската поп-ѕвезда Адел ќе изнесе сè на виделина за лансирањето на својот нов албум „30“ во интерву за Опра Винфри, а ќе говори и за сите шест години кога беше далеку од очите на јавноста.

Тоа ќе изгледа многу слично на фамозното интервју на иконата на чет-шоу со принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс.

Интимната исповед на Aдел кај Опра ќе биде настан кој британските медиуми го нарекоа „троубек“ или потсетување на разговорот на Опра со Хари и Меган.

„Си-би-ес“ ќе ja емитува двочасовната емисија со наслов Adele: One Night Only на 14 ноември, само пет дена пред објавувањето на долгоочекуваниот четврти студиски албум на британската пејачка текстописец.

Покрај интервјуто, ќе има и концертна изведба што ќе биде најрана можност за голем дел од светот да го слушне сосема новиот материјал на Адел.

Емисијата ќе се снима во Лос Анџелес и ќе вклучува нејзини хитови и неколку нови песни.

Проектот е најавен како „прв телевизиски разговор на Адел за нејзиниот нов албум, приказните зад песните, животот по разводот, губење на тежината и подигањето на својот син“.

А според „Вараети“, Адел и Опра ќе седат на истото место каде Меган и Хари го дадоа своето интервју во март, во градината со рози на водителката.

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD

GoGoAnime Watch english anime Online in HD for FREE

Watch Fushigi Mahou Fun Fun Pharmacy Episode 48

Website https://animetv.cc: Watch WorldEnd: What are you doing at the end of the world? Are you busy? Will you save us? (Dub) animetv Episode 12 chain anime tv

Website https://4anime.biz: Watch Medaka Box Abnormal 4anime Episode 12 watch anime online