June 27, 2022 08:50
Магазин

Адвокатите на Џони Деп ги оспорија тврдењата на неговата поранешна сопруга

Адвокатите на холивудскиот актер Џони Деп во понеделникот почнаа со вкрстено испрашување на неговата поранешна сопруга Амбер Херд во рамки на судскиот спор за клевета и со конкретни докази ги оспорија нејзините тврдења дека претрпела физичко малтретирање пред и за време на краткиот брак со него.

Адвокатите презентираа фотографии на кои се гледа Херд на свечености како и на гости во шоуто на Џејмс Корден, кратко време или наредниот ден откако тврдела дека Деп ја удирал со рацете, „на кои обично носел тешки прстени“.

Но, фотографиите прикажани на поротата не откриваа повреди.

Херд наведе дека повредата, „за која сметала дека е скршен нос, не била доволно видлива или била покриена со шминка“.

Деп (58) ја тужи Херд (36) за 50 милиони долари и е дециден дека нејзините наводи „дека била жртва на семејно насилство“ се чиста клевета. Херд поднесе противтужба и бара оштета од 100 милиони долари, бидејќи Деп, наводно, ја оцрнил во јавноста нарекувајќи ја лажга.

https://go88.gg/

https://sunwin.fan/