Свет

Адвокатите на Навални: Тој е многу слаб, мора итно во болница за да не умре

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој штрајкува со глад веќе три недели, е многу слаб и не добил медицинска помош, соопштија денеска неговите адвокати.

„Тој е многу слаб, тешко му е да седи и да разговара“, рече Олга Михаилова пред новинарите, додавајќи дека Навални „не добиl соодветна медицинска нега“ во болницата за затвореници со туберкулоза.

Таа побара Навални итно да биде префрлен во цивилна болница во Москва со цел да се спречи да умре.

Групата лекари предводена од Анастасија Василијева, личен лекар на 44-годишниот опозиционер, не им е дозволено да влезат во болницата, како што се случувало секој пат кога се обидувале да го посетат Навални.

Во изјава за францускиот печат, Василијева го осуди „целосното непочитување“, потсетувајќи дека „должност на лекарот е да му помогне на пациентот“ и посочува дека е во прашање „животот“ на главниот противник на рускиот претседател Владимир Путин.

Навални на 31 март го започна штрајкот со глад во знак на протест против условите во затворот, обвинувајќи ја управата во затворот дека не му дозволува да посетува лекар.

Тој беше уапсен во јануари откако пристигна во Русија, откако закрепна од труењето, по пет месеци во Германија, за што го обвинува рускиот претседател Владимир Путин.

Навални беше осуден на две и пол години затвор затоа што ја прекрши условната казна од 2014 година со тоа што замина во Германија на лекување.

AnimeTV japanese anime tv shows: Attack on Titan (Dub) (https://animetv.cc/m/YmNJ) Episode 25

AnimeFreak one piece animefreak: Watch Attack on Titan (Dub) Episode 16