August 22, 2019 07:32
Спорт

Агентот на Кутињо: Не сум во Париз, во Лондон сум

Бразилскиот медиум „Еспорте Интеративо” објави дека личниот агент на Филипе Кутињо, Киа Џорбичан, пристигнал во Париз за да учествува во разговорите меѓу Барселона и Париз Сен Жермен за Нејмар.

Откако информацијата ја пуштија водечките шпански медиуми, агентот негираше пред „Мундо Депортиво”: „Јас не сум во Париз, јас сум во Лондон”.

Друг од агентите на „кариоката”, Џилијано Бертолучи, вчера беше во Париз, но денес е во Лисабон.

Претставници на Барса беа забележани во француската престолнина на први разговори со газдите на ПСЖ по повод трансферот на Нејмар. Се очекува првата понуда на Каталонците да биде меѓу 60 и 80 милиони евра плус Кутињо.

Нови вести

Иванишевиќ меѓу номинираните за влез во Куќата на славните

Filip

Рибери: Благословен сум што сум во Фиорентина

Filip

Куп на Македонија: Шкендија и Работнички се пласираа во осминафиналето

Filip