February 3, 2023 14:30
Македонија

Агелер за уставните измени: Се надевам опозицијата не зазема ставови само за да биде против

Американската амбасадорка во земјава,  Анџела Агелер се надева дека опозицијата не зазема одредени позиции само за да противречи, односно едноставно за да биде против. Таа ова го рече говорејќи за уставните измени во гостувањето во ТВ Сител.

Ова е нешто што според мене ја надминува политиката. Ова не треба да биде доведено во врска со партии. Ова треба да биде во врска со тоа што е добро за земјата. И би била моја најискрена желба, гласовите од другата страна, гласовите низ државата кои го доведуваат ова во прашање, да погледнат добро што е тоа што е во најдобар интерес за Северна Македонија, за оваа земја, за сите нејзини граѓани и да донесат такви одлуки и изјави за придвижување на земјата за да стане посилна, а не послаба“, изјави Агелер.

Според неа македонскиот јазик и идентитет нема да бидат загрозени во процесот со уставните измени. Таа се надева дека опозициските партии во земјава не заземаат одредени позиции околу прашањето за уставните измени само за да противречат.