December 5, 2021 11:04
Скопје

На паркингот од СЦ „Борис Трајковски“ се одржува алтернативен начин за претставување на нови, еколошки, технолошко напредни и електрични возила

Денес и утре (16 и 17 октомври), на големиот паркинг во рамките на СЦ Борис Трајковски, се одржува најголемиот авто-мото настан во нашата држава, Авто Плус Street Show.

На првиот ден (сабота) времето одлично не послужи, а сите присутни имаа шанса да се запознаат со голем број на новитети меѓу автомобилите, мотоциклите, четирициклите, комерцијалните возила и електричните скутери и мотори, а присутни беа и компании од индустријата на автомобилска галантерија и додатоци. Настанот помина организациски перфектно, беа изложени секаков вид на возила, дел од нив за првпат прикажани пред очите на македонската јавност и имаа премиерни презентации. Настанот продолжува и утре (17 октомври, недела) кога не очекуваат уште подобри временски услови, а ќе имаме уште десетина официјални премиери.

ВЕ ПОКАНУВАМЕ ДА ПРИСУСТВУВАТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПРЕЗЕНТАЦИИ КОИ ЌЕ ЗАПОЧНАТ ВО 12 И ЌЕ ТРААТ ДО 14 ЧАСОТ, А АВТО-МОТО САЕМОТ Е ОТВОРЕН ОД 10 И ЌЕ ТРАЕ ДО 20 ЧАСОТ.

Авто Плус Street Show е уникатен и алтернативен начин за претставување на нови, еколошки, технолошко напредни и електрични возила, за првпат одржан во 2019, а истиот оваа година се одржува на големиот паркинг на СЦ Борис Трајковски. На настанот се присутни 22 изложувачи со над 40 брендови кои се достапни на македонскиот пазар.