January 21, 2021 01:54
Македонија

Авторот на интервјуто со Борисов: Бугарија прави се за да се оддалечи од Македонија

Авторот на интервјуто со Бојко Борисов за за германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, Михаел Мартенс, по реакциите на македонската јавност на неговиот Твитер профил напиша дека со своето однесување, Бугарија прави се за да го изгуби пријателството со Македонците.

Борисов во интервјуто вели дека компромис е можен, но само преку прецизирање на историските и прашањата поврзани со македонското малцинство во Бугарија.

-За мене беше големо изненадување што неодамнешната резолуција на Европскиот парламент за Бугарија го покрена прашањето за наводно македонско малцинство во Бугарија. Во Бугарија нема македонско малцинство. Какво македонско малцинство треба да има во Бугарија? И бидејќи социјалистите во Бугарија гласаа за резолуцијата во Европскиот парламент, тие очигледно исто така веруваат дека такво малцинство живее со нас. Наместо да водиме позитивна дебата за европскиот пат на Република Северна Македонија, сега одиме кон една сосема поинаква дебата. Морам да кажам дека навистина сум загрижен за овие случувања“, истакнува Борисов.

Толкувајќи ја историјата, Борисов за угледниот германски весник тврди дека по Втората светска војна Бугарите во Македонија биле принудени да се нарекуваат Македонци.

„Со мудрата политика од 1991 година, Бугарија беше во најдобрата позиција да ги претвори Македонија и Македонците во најблиски свои соседи и пријатели. Место тоа, Бугарија прави се што може за да се оддалечи од потенцијалниот сојузник со своето однесување и негово понижување. Тоа е сигурен начин да загубите пријатели“, пишува Мертенс.

Тој е долгогодишен дописник од регионот за највлијателниот германски весник Франкфурер Алгемајне Цајтунг и важи за одличен познавач на состојбите на балканот.