January 28, 2022 06:20
Магазин

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

На 29 ноември, жирито за „Автомобил на годината во Европа“ (COTY) кој брои 61 член и претставува 23 земји, од 39-те кандидати го избра новиот PEUGEOT 308 хечбег и SW да се приклучи на најтесната листа од 7 кандидати за конечна победа. Ова е 5-ти пат во 9 години модел на PEUGEOT да се најде меѓу финалистите.

Новиот 308, кој го носи новото лого на брендот е заводлив со својот остар и сензуален дизајн, со својата напредна технологија и со неговата ефикасност. Неговата палета на погонски единици, вклучувајќи и два Plug-In Hybrid погони од самото лансирање на моделот, им дава на клиентите моќ да избираат помеѓу електрифицирани и мотори со внатрешно согорување. Целосно електричен мотор наскоро ќе ја комплетира гамата

Нема категории, нема поделби, нема класи: има само еден победник, а победникот на наградата „Автомобил на годината за 2022“ во Европа ќе биде објавен на 28 февруари во Женева (Швајцарија).

Сметајќи од 2013 година, по петти пат PEUGEOT брендот се приклучи на затворениот круг финалисти за наградата автомобил на годината во Европа, овој пат со новиот 308. 208 беше избран на крајот на 2019 година (победник во 2020 година), 508 (хечбег и SW) на крајот на 2018 година, 3008 на крајот на 2016 година (победник во 2017 година) и претходната генерација на 308 (хечбек и SW) на крајот на 2013 година (победник во 2014 година).

 

Наградата COTY е најпосакуваната во автомобилската индустрија. Жириото составено од 61 член доаѓаат од 23 европски земји. Секој од нив ги избра своите седум финалисти во првичното гласање од долгата листа од 39 натпреварувачи. Списокот на кандидати и финалисти може да се најде на веб-страната за автомобил на годината https://www.caroftheyear.org/

Новиот PEUGEOT 308 ја обновува понудата во С-сегментот на лимузини и каравани. Повеќе од 24.000 клиенти во Европа до крајот на октомври направија нарачки, од кои 22% беа за Plug-in Hybrid верзијата.

Новиот 308 Ве привлекува со своите динамични пропорции и архитектура, нудејќи повеќе простор за патниците во задниот дел. Неговиот дизајн ја рефлектира DNA на PEUGEOT, со вертикалните LED предни светла и светлата во форма на три лавовски канџи назад.

 

 

Неговиот i-Cockpit® (компактен управувач, дигитална инструмент табла во висина на погледот, централен екран на допир со копчиња што може да се конфигурираат) и системите за помош при возење кои се од најновата генерација. Новиот 308 ќе биде достапен со хибридни мотори на полнење од 180 или 225 КС, бензински или дизел агрегати.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

ani watch me AniWatch My Hero Academia Season 3

watch anime AniWatch How NOT to Summon a Demon Lord Ω

english anime The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

english dubbed anime AniWatch Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway

Attack on Titan Episode 21