August 21, 2019 05:17
Хроника

Автомобил излетал од пат, возачот тешко повреден

Возач бил тешко повреден откако со автомобилот што го управувал излетал од пат и се превртетл, вчера во близина на Кавадарци.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 9.30 часот, на локалниот пат за селото Дреново, кога втомобил „шкода фелиција“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ц.П.(56) од селото Дреново, излетал од патот.

Возачот бил тешко повреден по што бил пренесен во болницата во Кавадарци, каде му била укажана лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот.

 

Нови вести

ТРАГЕДИЈА: Загина работник откако паднал од зградата на ФФМ

Filip

Скопјанка пријавила дека познаник се обидел да ја силува нејзината ќерка

Daniela

Пронаjдени 180 стебла канабис кај Блаце

Daniela