March 27, 2019 02:28
Хроника

Автомобил излетал од патот и удрил во четири паркирани возила, возачот тешко повреден

Синоќа околу 3 часот по полноќ на улицата Миро Барага во Пробиштип патничко моторно возило „Мерцедес“ со бугарски национални ознаки излетало од патот и удирило во четири паркирани возила, инфомираат од полицијата.

Како што посочија од МВР возилото било управувано од К.А. на возраст од 29 години од Пробиштип.

„Возилото излетало од патот, притоа удирајќи во четири паркирани возила: три возила „Голф“ и едно возило „Опел Корса“. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од полициската станица Пробиштип и се работи на целосно расчистување на случајот “, се вели во соопштението од полицијата.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа во Пробиштип, а потоа и во Клиничката болница во Штип за укажување на лекарска помош.

Нови вести

Македонски државјанин изгоре во Италија

Igor

Пријава против поранешниот градоначалник на Пехчево

Filip

Битолчанец платил 15.500 евра за трактор на германска фирма која не постои

Igor