August 18, 2019 21:56
Свет

Автобус со германски туристи излета од пат на Мадеира, најмалку 28 загинати

Дваесет и осум луѓе загинаа, а голем број се повредени во градот Канисо на португалскиот остров Мадеира, кога автобус со германски туристи излетал од патот и се превртел, објави националната новинска агенција Луса.

Германскиот весник Билд објави дека во автобусот имало 50 патници, несреќата се случила во близина на градот Канисо.

Португалските медиуми го покажаа превртениот автобус во близина на станбени објекти.

Несреќата се случила во 18:30 часот. Според очевидци, возачот ја загубил контролата над автобусот на раскрсница и излетал патот, изјавија извори.

Според локалните власти сите во автобусот биле Германци, но не е познато дали загинатите се само патници од автобусот.

Нови вести

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Igor

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Igor

Гибралтар го отфрли барањето на САД за запленување на иранскиот танкер

Igor