December 8, 2022 23:38
Хроника

Автобус на ЈСП нагло сопрел и удрил во рампа, повредени најмалку две лица

Автобус на ЈСП, вчера, на улицата Никола Карев во Скопје, нагло закочил и удрил во електронска рампа.

Според информациите, се работи за И. М. (42) од скопското село Чифлик, а во несреќата тешки телесни повреди добила патничката С. Б. (43), а телесни повреди добила патничката М. А. (32), двете од с. Долно Соње, Скопско, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.