February 28, 2020 10:30
Балкан

Автобус го промашил патот од Сплит за Загреб 10 пати

Автобус „се изгубил“ десет пати на патот, патниците патувале осум часа од Сплит до Загреб. Во ваква неверојатна ситуација се нашле патниците на „Кроација бус“, кои од Сплит тргнале изутрината во 4.30 часот. Тие требало да бидат во Загреб по 9 часот, но нивното патување се одложило до недоглед.

„Во 9.40 часот требаше да пристигнеме на нашата дестинација, а ние бевме на 300 километри од Загреб. Возачите имаат неодговорен и незаинтересиран однос кон работата. Најлошо од сè, тие дури и не си помагаа едни на други во решавањето на проблемите. Тие досега нè шетаа најмалку 10 пати, им напишал еден од патниците на надлежните во компанијата за превоз.
Како што пренесува „Слободна Далмација“, проблемите почнале на патувањето поради невремето што предизвикало затворање на автопатот А1 кај Свети Рок и Поседарје.

Автобусите биле испратени по други патишта, каде што залутале на јадранската магистрала кон
Карлобаг. Но, и таму биле информирани дека патиштата се затворени по што почнале да се враќаат назад.