October 28, 2020 05:45
Скопје

Автобусите на ЈСП од вечерва во 21 часот до понеделник во 5 часот нема да возат

Ве информираме дека од денеска, четврток (4.06.2020 год) од 21 часот до понеделник (8.06.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира. Времениот прекин е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во посочениот период на територија на Скопје.

Денеска јавниот превоз ќе функционира до 21 часот.

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Во прилог се последните термини на поаѓање пред 21 часот.

Останатиот распоред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.