December 4, 2022 20:28
Балкан Македонија

Австрија, Унгарија и Србија заеднички ќе ја бранат српско-македонската граница од мигранти

Србија ќе го зголеми бројот на луѓе на границата со Северна Македонија со цел да го намали бројот на нелегални влегувања во земјата, изјави денеска во Белград српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин, по средбите со унгарски и австриски претставници за управување со миграциските процеси.

Вулин по средбата изјави дека ова е начин за подобра контрола на миграцијата и нагласи дека нема да се градат нови прифатни центри, како и дека нема да има проширување на капацитетите.

Вулин изјави дека трите земји се многу загрижени поради притисокот на мигрантите на границите, бидејќи бројките експлодираа и може да се споредат дури и со почетокот на мигрантската криза во 2015 година. Тој посочи дека Србија нема да биде паркинг за мигрантите. Вулин рече дека лидерите на трите земји ги препознале проблемите со кои се соочуваме и поставиле конкретни задачи кои треба да се спроведат.

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, рече дека Унгарија, Австрија и Србија се договориле да ги здружат силите и дополнително да ги зајакнат границите меѓу Србија и Северна Македонија.

-Нашиот заеднички интерес е да ја преместиме таа одбранбена линија на југ и затоа се договоривме да ги комбинираме нашите сили и да обезбедиме уште подобро и посериозно зајакнување на границите меѓу Србија и Северна Македонија како во однос на персоналот така и во однос на опремата, вели Сијарто.

На крајот од трилатералната средба на Австрија, Унгарија и Србија за миграцијата, Сијарто истакна дека тие три земји не ги бранат само своите граници, туку и ЕУ.

Сијарто изјави дека е неопходно да се прекинат воените активности и да се седне на преговарачка маса, но дека повеќето европски земји ги нагласуваат санкциите против Русија наместо да промовираат мировни преговори.

Поврзани вести

Мицкоски го копира Груевски – Денот на идеи во владата, стана Предложи идеја во општините

blink

„Златното славејче“ ги олабави блокадите на приватните превозници?! Арсовска ја нема

Igor

(Фото) Приватниците бараат средба со Арсовска, блокадата на Илинденска продолжува

Igor