November 11, 2019 11:39
Свет

Австрискиот суд го ослободи Борис Мазо со кауција од 25.000 евра

Виенскиот регионален кривичен суд го ослободи поранешниот официјален претставник на руското Министерство за култура Борис Мазо со кауција од 25.000 евра, забранувајќи му да ја напушти Австрија.

– Лицето е пуштено со кауција од 25.000 евра и забрането му е да ја напушти Австрија. Тој мора да остане на виенската адреса, каде што е регистриран и по потреба да се појави на суд, истакна извор од виенското обвинителство, додавајќи дека Австрија го притворила поранешниот руски претставник на барање на Шпанија.

Шпанската полиција претходно соопшти дека Мазо е приведен во Австрија, додека неговата поранешна сопруга и синот, двајцата руски државјани, се уапсени во Шпанија, кои се сомничат за перење пари.

Нови вести

(Видео) Хаос во Хонгконг: Запален човек, полицијата пука со вистински куршуми

zane

Во првите девет часа продажба на Денот на самците, „Алибаба“ заработи дури 23 милијарди долари

Valentina

Ебрард: Ќе му понудиме азил на Моралес, доколку побара да дојде во Мексико Мексико Сити, 11 ноември 2019 (МИА) – Шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард изјави дека неговата земја ќе му понуди азил на боливискиот претседател Ево Моралес, кој синоќа поднесе оставка на функцијата, доколку тој тоа го побара од нив. Мексиканската Влада, предводена од претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, силно застана во одбрана на боливискиот претседател Моралес, пренесуваат британските медиуми. Мексико го поздрави „ одговорниот став на претседателот на Боливија кој попрво избра да поднесе оставка отколку да го изложи својот народ на насилство”, соопшти Лопез Обрадор на Твитер. Мексико меѓу првите му ја честиташе на Моралес победата на изборите, на 20 октомври, и покрај отворените прашања за резултатите, потестуваат британските мдиуми. Ебрард изјави дека Мексико не ја прифаќа, како што кажа, воената операција што се спроведува во Боливија и дека не смее да дојде до пуч.

zane