June 26, 2019 19:44
Балкан

Австрискиот претседател смета дека европското семејство е нецелосно без Западен Балкан

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, изрази уверување дека европското семејство ќе биде целосно само со вклучување на земјите од Западен Балкан и истакна дека тековната година ќе биде важна за ЕУ.

Ван дер Белен на годишниот прием за дипломатскиот кор рече дека Австрија се залага за приклучување кон Унијата на шесте земји од Западен Балкан.

Покрај тоа, тој во своето обраќање кажа дека се надева дека повлекувањето на САД од Сирија нема да доведе до заострување на граѓанската војна.

Ван дер Белен го критикуваше национализмот, унилатерализмот, отстапувањето од универзалните правни норми, повлекувањето од меѓународните договори.

Тој особено ги критикуваше САД за политиката за климатски промени.

Покрај критиките на Соединетите Американски Држави, тој се обиде да не се добие впечаток дека Австрија е премногу блиска со Русија, тој се заложи за конструктивен дијалог со Москва, без да ги спомене многубројните размени на посета.

Тој, исто така, истакна дека минатата година беа одбележани 180 години дипломатски односи меѓу Австрија и САД.

Ван дер Белен оцени дека 2019 година ќе биде важна година за ЕУ, укажувајќи на брегзит – „ако навистина дојде до него”, како и на дискусијата за иднината на Унијата, изборите за Европскиот парламент и формирањето нова Европска комисија.

Нови вести

„Шкода” ќе гради фабрика во Бугарија или Турција

Filip

Баша: Одлуката на Советот на Европа е дистанцирање од незаконските избори на Рама

Filip

Жената што ја каснала змија шарка во Требиње, влегувајќи во возилото на брзата помош, згазнала на поскок

Valentina