November 27, 2020 00:52
Свет

Австриска министерка го зачленила својот двегодишен син во партија

Во Австрија, голема бура предизвика информацијата дека двегодишниот син на австриската министерка за туризам, Елизабет Кестингер, веќе станал член на Народната партија на Австрија.

Идната шефица на подмладокот на Народната партија на Австрија (ЈВП), Клаудија Плаколм, објави фотографија на „Инстаграм“ со министерката за време на примопредавањето на членството на нејзиниот син.

„Познато е дека ние во ЈВП денес мислиме на идните генерации. Затоа ми е драго што наскоро ќе го примиме вашиот син како најмлад член“, напиша таа покрај фотографијата.

Објавата предизвика многу реакции бидејќи двегодишно дете не може да одлучува за пристап во партија.